Македонците ќе плаќаат даноци, за Албанците да им ги трошат парите. Сите економски ресори – во рацете на министри Албанци.
Финансии – ДУИ
Економија – ДУИ
Информатичко општество и администрација – ДУИ
Земјоделие – БЕСА
П.С. Овој пост не е националистички. Јас немам ништо против Албанци министри, но, ние живееме во држава со етнички партии и рамковни проценти за се и сешто. Во таквата консталација, ваквата доминација на Албанците е економски апартхејд, пишува на својот Фејсбук профил новинарот Љупчо Златев, откако во јавноста беа обелоденети имињата на министрите од новиот владин состав.