среда, 15. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Златев: За правдата и за Македонија можете слободно да ме ставите во затвор!

Златев: За правдата и за Македонија можете слободно да ме ставите во затвор!

Денес Основното јавно обвинителство објави дека ќе поднесе обвинение против новинарот Љупчо Златев затоа што објавил злоупотреба во Управата за безбедност и контраразознавање.

По соопштението од обвинителство, Златев се огласи на социјалните мрежи: 

„ЗА ПРАВДАТА И ЗА МАКЕДОНИЈА МОЖЕТЕ СЛОБОДНО ДА МЕ СТАВИТЕ ВО ЗАТВОР!

Јас објавив дека само поради тоа што еден татко одел на протести против промената на името, синот изгубил безбедносен сертификат и поради тоа изгубил можност да работи во Агенцијата за национална безбедност.

Оваа конструкција на УБК е класичен удар кон политичките слободи на граѓаните, огромен ЈАВЕН ИНТЕРЕС и поради тоа ги објавив документите кои ми ги достави свиркач. Доколку сега добијам слични документи, без да размислувам ќе ги објавам!!! Делото можам да го повторам веднаш, бидејќи слободата и демократијата ми се поважни од било која уредба!

Независно дали злосторникот Заев ќе ми ги прати насилниците на неговиот партнер Сашо Мијалков или ќе ми ги прати обвинителите – јас за она во што верувам подготвен сум ако е потребно и да стојам сам. Правдата ќе ја барам, ако треба и до Стразбур, ако треба и од затвор ќе се борам против ова тоталитарно зло!

Секоја борба, ако е единствено само за правда, правдина, права и вистина е оправдана. Затоа и жртвите се оправдани. Знај, ако си на страна на вистината, без задни намери – венецот ќе го добиеш“-напиша тој.

Најнови вести