Не беше така одамна пред три години поминати се од една слична ваква трагедија во Ласкарци, човек едноставно нема зборови како да го опише се ова. Ова е навистина катастрофално, е сега лоша карма, или нефункционален систем е прашањето кое сите ние треба да си го поставиме, истакна Љупчо Златев во гостување во „Само Вистина“ на Канал 5 телевизија.
Златев додаде дека потребно е државата да воспостави стандарди за функционирање за се во земјава.
– Стандарди за функционирање во земјава се потребни независно дали зборуваме за модуларна болница, независно дали зборуваме за автобуси, заклучи Златев.
Златев потсети дека 20-тина трагично загинати луѓе во Ласкарци имаше, а се уште нема никаква пресуда, ниту пак „Дурмо турс“ компанијата која беше одговорна за ова заедно со нејзиниот технички преглед има било каква одговорност.
– И иронијата да биде уште поголема, се уште компанијата функционира со истите лоши, уште полоши стандарди. Сега дали овде има некаква одговорност на „Беса турс“ далеку од тоа дека јас можам да коментирам или било кој од нас, но едноставно кога немате систем кој функционира, кога немате систем кој проверува, вас секогаш ќе ви се случи нешто слично, рече Златев.
Златев посочи дека денес „Дојче веле“ како сериозен медиум денес објави дека овој автобус не бил внесен во системот на министерството за транспорт и врски. Како му дозволувале да излезе од Македонија е прашање кое тој лично сам на себе си го поставува.