понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Знае ли Пендаровски за учеството на партиски состанок на СДСМ на директорот на Агенцијата за разузнавање, кој сега е во изолација?

Знае ли Пендаровски за учеството на партиски состанок на СДСМ на директорот на Агенцијата за разузнавање, кој сега е во изолација?

Партиските состаноци на Бихаќка однесоа во самоизолација околу 75 лица.

Кластерот на СДСМ од кој позитивни на Ковид 19 излегоа потпретседателот Мухамед Зекири и директорката на УЈП Сања Лукаревска, во карантин го однесе речиси цело потпретседателство на партијата, лица од високите партиски органи, но и високи функционери во Владата.

Меѓу нив е и градоначалникот на Чаир кој денеска соопшти дека е позитивен на коронавирусот, а јавноста прашува дали претседателот Стево Пендаровски знае дека директорот на Агенцијата за разузнавање кој го назначува лично тој бил на партиски состанок на СДСМ?

Оваа агенција инаку се декларира како независна, а ја регулира претседателот на државата.

По состанокот во СДСМ во домашна само изолација е и директорот на Агенцијата за разузнавање Еролд Муслиу, како и директорот на финансиската полиција Арафат Муаерими.

 

Најнови вести