вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Знае ли што прави Стефан Богоев?!

По реакциите за шверцерското подметнување на ДУП-от за Карпош 3, ова е уште едено големо разочарување за граѓаните на Општина Карпош во низата приредено од градоначалникот Стефан Богоев
Знае ли што прави Стефан Богоев?!

Дали покрај многуте прашања со добиени штури и нецелосни одговори за најновата продажба на државното земјиште во Тафталиџе за дел од КП 6100/2, 6103/1и 6097/4 во рамките на ДУП за Градска четврт 3 09, на дел кој е сега зелена површина, дел што плаче за „зградиче„ со 8 стана што би рекол секој член на урбаната мафија се крие нешто друго, пишува Дневниновости.мк

По реакциите за шверцерското подметнување на ДУП-от за Карпош 3, ова е уште едено големо разочарување за граѓаните на Општина Карпош во низата приредено од градоначалникот Стефан Богоев.

slobodenpecat.mk

Координаторот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ во Карпош, Тони Јаревски кратко по истекот на рокот за поднесување на понудите објави барање за итно поништување на огласот. Тој приложи докази дека Деталниот урбанистички план врз основа на кој се распишува огласот не постои ниту пак бил разгледуван или изгласан на седница на советот на Општина Карпош, како што е наведено во огласот. Тој недвосмислено стави до знаење дека се цврсто решени да ја спречат продажбата на земјиштето, најавувајќи и поднесок до Државното Правобранителство, пренесува Дневниновости.мк

Најнови вести