петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ЗНМ: Држење на временска дистанца кон функционерите на новинарите кои по работа во институции се враќаат во медиум

ЗНМ: Држење на временска дистанца кон функционерите на новинарите кои по работа во институции се враќаат во медиум

Советот на честа при Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), на седниците на Советот одржани на 22 и 28 декември 2022 година, по разгледување на Иницијатива за усвојување Мислење за држење на временска дистанца на новинарите кои по престанок на ангажман во други институции, повторно се вратиле на работа во медиумите, заклучи:

„СЕ УКАЖУВА на потребата за држење временска дистанца за известување од страна на новинарите кои биле на функции, вработени или ангажирани со авторски договори во јавна или државна управа, владини или институции од локален карактер, политички партии или други тела и органи на управата, биле избрани во Советите на општините или Градот Скопје, ПР или маркетинг агенции, надвор од новинарската професија. Новинарите треба да одржуваат временска дистанца во известувањето за институциите или функционерот каде што работеле најмалку една година по завршување на ангажманот, или до истекот на мандатот на функционерот, доколку биле ангажирани како посебни советници, согласно Закон“ – велат од ЗНМ.

Најнови вести