петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ЗНМ: Несвојствено е владејачката партија да се занимава со борба против лажни вести; МАН: Тоа е изедначување на партијата со државата

ЗНМ: Несвојствено е владејачката партија да се занимава со борба против лажни вести; МАН: Тоа е изедначување на партијата со државата

Не својствено за една политичка партија да се занимава со прашања како лажни вести и борбата со нив, ова е ставот на ЗНМ на прашање на Алфа, откако на партиска прес конференција, владејачката СДСМ, зборуваше за план за справување со фејк њуз.

Секој може да има став за одредено прашање, но не сметаме дека партиската говорница треба да се користи за промоција на владин план, особено не за вака сензитивни теми кои бараат широка дебата во целата медиумска заедница-велат од ЗНМ.

Од Здружението бараат во следниот период да бидат презентирани намерите за т.н. план за борба со лажни вести, и очекуваат тоа да се случи од понеделник натаму, во најавената консултација со граѓанските организации.

Владата и било која институција не можат да ценат што се дезинформации, а што не се. Тие имаат право на демант и исправка, а за да превенираат ширење дезинформации најдобар начин е да се покаже максимална транспарентност во работата на сите институции-велат од ЗНМ.

Реагираат и од Македонската асоцијација на новинари..

Целосната објава може да ја погледнете на АЛФА.

Најнови вести