Зоран Милески или познат како Зоки Кичеец од вчера попладне е пациент на Кардиологија, дознава 24 инфо.
Кичеец заедно со Боки 13 се двајцата првообвинети во аферата „Рекет“. Кичеец е сместен во еден од апартманите на Клиниката, а друштво му прават неколкумина припадници на МВР.
-Полиција вечерва имаше и на влезот на Клиниката за кардиологијано и низ целиот Клинички центар „Мајка Тереза“. Неофицијално, на Кичеец вчера му се слошило, по што бил пренесен од истражниот затвор Шутка на Клиниката за кардиологија, пренеува телевизијата.