среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Зошто Царовска го пушти низ вода случајот со силуваните малолетнички  од домот „25 Мај“ ?

Зошто Царовска го пушти низ вода случајот со силуваните малолетнички  од домот „25 Мај“ ?

По грозоморните случувањакои подолго време ја брануваа јавноста, а кои се однесуваа на силуваните малолетнички од  Јавната Установа ,,25 мај,, предлозите за утврдување на дисциплинска одговорност за 12 ( дванаесет ) вработени во ЈУ Меѓуопштинскиот Центар за социјална работа на град Скопје  се отфрлени, потврдуваат извори од оваа институција.

Постапката била запрена со образложение дека кај стручните лица кои постапувале по предметот не била утврдена дисциплинска одговорност за сторен дисциплински престап, додека само на двајца вработени изречена им е парична казна во траење од 3 месеци.

Министерката Царовска, во сите јавните настапи и соопштенија,  за да се амнестира од одговорност ја критикуваше Владата на ВМРО ДПМНЕ, а во неколку наврати дури и најави дисциплинска и кривична одговорност за сите службени лица кои постапувале по предметот.

Инаку, прекусобраниска говорница на седница за интерпелација на актуелната влада  на  11.04.2018 година, пратеничката на ВМРО ДПМНЕ Даниела Рангелова ја соочи Царовска со сите факти и пропусти, како и побара оставка од неа за тоа што лично дозволила да се случи овој монструозен чин, врз малолетните девојчиња од јавна установа под капа на министерството за труд и социјална политика.

Овој скандал беше обелоденет од Европскиот Центар за правата на ромите. Преку социјалните мрежи огромен број на граѓани бараа оставка од министерката, но тоа не се случи.

Денес, социјалните ризици со кои се соочуваат децата и жените се повеќе земаат замав, а се резултат на системска негрижа во социјалната заштита, велат добро упатени извори.

Царовска по скандалите во јавноста, почна да зборува и за процес на деинституционализација, како и за мали групни домови, кои според експерти претставуваат мини институции и се далеку од семеен тип на грижа.

Кои чекори понатаму ќе ги превземе Царовска , за да се докаже дека работи, како и тоа вешто  да го скрие институционалниот хаос кој го произведе, останува јавноста да следи и да расудува, изјавуваат експерти за социјална заштита и  политика.

Најнови вести