сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Зошто Ден Дончев одби да одговори за неговата поврзаност со Зоки Кичеец и за вршењето притисок?

Зошто Ден Дончев одби да одговори за неговата поврзаност со Зоки Кичеец и за вршењето притисок?

Министерот за здравство и директорот на Фондот за здравствено осигурување заработија кривична пријава поради злоупотреба на нивната положба при продажбата на фирмата Диамед на странска компанија во зделка тешка над 11 милиони евра.

Филипче и Ден Дончев изнесувале невистини на шведскиот инвеститор да се откаже од купувањето на македонската фирма која располага со центри за дијализа во земјата и со нивното влијание предизвикале и одложување на купопродажбата, тврдат од адвокатското друштво Давидовиќ Јанковиќ кои ја застапуваат подносителката на кривичната пријава.

Денес Дончев одржа прес-конференција, но наместо да ги даде одговорите кои јавноста ги очекува од него, тој покажуваше слајдови и говореше за тоа колкави приходи остварува Диамед.

На новинарско прашање дали се познава со осомничениот во „Рекет“, Зоки Кичеец, Дончев избегна да одговори.

-Јас не знам што е релевантен тој во ова. што сакате да кажете? Ви одговорив на прашањето, следно прашање ве молам, рече Дончев.

На прашање дали е точно дека Дончев заедно со Зоки Кичеец вршел притисок наместо на Диаверум, Диамед да се продаде на албанска компанија, директорот на ФЗО тврди дека во врска со продажбата немал ниту една средба со Диамед.

Тој рече дека имале две средби со претставници на Диаверум, во Влада и во министерство, а освен тоа биле испратени две писма.

Во ситуација кога скандалот во кој е вклучено името на Дончев, во јавноста се нарекува „Рекет 2“, тој не смее да си дозволи да премолчи дали и на кој начин е поврзан со осомничените од „Рекет 1“.

Дали нешто сака да сокрие, молчејќи, останува да видиме.

Најнови вести