понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Зошто Самсоненко си заминува од Вардар и од Македонија?

Зошто Самсоненко си заминува од Вардар и од Македонија?

Веројатно Ракометниот клуб Вардар е најголемата македонска радост изминативе неколку години, а успесите кои ги постигна клубот под водство на бизнисменот Сереј Самсоненко ќе останат историски. Круната на достигнувањето на РК Вардар беше во сезоната 2016-2017 кога клубот под спознорството на Самсоненко ја освои Европската Лига на шампиони во ракомет која важи за најголемо ракометно клупско достигнување.

Успесите на клубот Вардар не се само на полето на ракометот, да не заборавиме да историското достигнување кога ФК Вардар се пласираше во Лигата на Европа. Покрај одличните резултати кои ги донесе спонзорството на Самсоненко значајна е и создадената инфраструктура од страна на бизнисменот, кој инвестираше милиони евра во ФК и РК Вардар.

Сепак оваа неверојатна бајка е при крајот, Сергеј Самсоненко најави дека ќе си заминува од Вардар поради како што вели тој влошената финансиска состојба во клубот, односно константното задолжување за финансирање на клубот без притоа никаква помош од државата или пак од бизнис секторот во Македонија.

Напротив државата наместо да му помага веќе две и половина години му одмага на Самсоненко и на Вардар, правејќи се за рускиот бизнисмен да си замине од Македонија. Да не заборавиме дека Самсоненко во скопската населба Аеродром градеше Руска православна црква, чија изградба општина Аеродром на чело со Златко Марин градоначлник од редовите на СДСМ ја прекина. Притоа Марин исто така го раскина договорот кој општината го имаше со Самсоненко за користење на тениските игралишта на кејот од Вардар.

Финансиските проблеми на клубот беа евидентни и поради доцнењето на платите за ракометарите, кои не беа резултат само на влошената финансиска состојба туку и блокирањето на финансиските трансфери од државните институции. Ваквата состојба направи многу клучни играчи да си заминат од тимот и да си ја бараат среќата на друго место.

Како капа на се, клубот Вардар е редовна мета на инспекциите, состојба која дополнително ја отежнува работата на најтрофејниот македонски клуб.

Случајот „Вардар“ полека ја добива својата разврска, Сергеј Самсоненко ќе го напушти клубот и ќе го врати таму од каде што го зема, Град Скопје. Во јавноста се шпекулира дека интерес за купување на македонскиот фудбалски бренд има од страна на бугарски бизнисмени.

Најнови вести