По допис на „Фокус“, Антикорупциската комисија ќе го проверува вработувањето на Јованче Мирчевски во ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, откако од јавното претпријатие одбија да ни достават податоци на кои работни позиции бил ангажиран и какво образование поседува Мирчевски, чиј работен однос, случајно или не, беше прекинат веднаш по доставувањето на нашето барање согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Политичките промени во Град Скопје по последните локални избори, како и судирот меѓу градоначалничката Данела Арсовска и партијата што ја поддржа нејзината независна кандидатура – ВМРО-ДПМНЕ, донесоа многу турбуленции во локалната самоуправа на главниот град, кои се рефлектираа и во јавните претпријатија под нејзина капа.
Притоа, се чини дека најголеми превирања имаше во Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје, каде периодот се сменија неколку директори пред да биде назначен актуелниот директор Драган Илиевски. Но, исто така, се ротираа кадри на различни работни позиции, што, според надлежните инспекциски служби, се правело спротивно на законските акти.
Во таа насока, Државниот инспекторат за труд веќе поништи задолженија на повеќе вработени во скопски „Водовод“, по пријава на Синдикатот на работниците за неправилности, кој смета дека овие задолженија се противзаконски и се косат со Колективниот договор за комунални дејности. Истовремено, и Државниот управен инспекторат реагирал и за други вработени кои имале незаконски задолженија.
Од Инспекторатот за труд за „Фокус“ потврдија дека по нивниот контролен инспекциски надзор добиле докази од веќе поранешниот В.Д. директор Марјанчо Митовски дека ги поништил спорните задолженија на дел од вработените и му изрекол опомена на Јавното претпријатие.
„Во рамки на овластувањата утвдрени со Закон за инспекција на труд и Закон за инспекциски надзор, Државниот инспекторат за труд изврши контролен инспекциски надзор над правниот субјект на инспекциски надзор Јавно претпријатие Водовод и канализација Скопје, а застапувано од одговорно лице В.Д Директор Марјанче Митовски, а по претходно доставено известување дека е постапено по решение врз основа на член 258 од Закон за работни односи со кое се изрекува инспекциска мерка опомена на работодавачот Јавното претпријатие“, се вели во дел од одговорот од Државниот инспекторат за труд.
И од Управниот инспекторат за „Фокус“ потврдуваат дека е постапено по пријавата за утврдените неправилности.
Целиот текст прочитајте го ТУКА.