петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Зошто вчера кај Галичник не интервенираа авионите на Дирекцијата за заштита и спасување?

Зошто вчера кај Галичник не интервенираа авионите на Дирекцијата за заштита и спасување?

Центарот за управување со кризи во текот на вчерашниот ден детално информираше за преземените активности по алармот за запалената борова шума во близина на куќите над селото Галичник. Ја добивме информацијата дека армиските хелокоптери биле таму, но не можеле да интервенираат поради силниот ветер. Но, остана отворено прашањето каде беа „ер-тракторите“.

Дирекцијата за заштита и спасување поседува два „ер-трактори“, авиони за гаснење пожари. Од Центарот за управување со кризи ја добивме информацијата дека била побарана интервенција на „ер-тракторите“, но немаме одговор од ДЗС зошто не полетале двата авиона за гаснење на пожари.

Во очекување на официјална информација, неофициално, авионите веќе подолг период се на сервис, па затоа немало никаков одговор на барањето за интервенција над Галичник.

Најнови вести