недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Жозеф Дол со поддршка за Силјановска: Каква убава порака ќе испратите ако изберете за првпат, жена на чело на вашата земја

Жозеф Дол со поддршка за Силјановска: Каква убава порака ќе испратите ако изберете за првпат, жена на чело на вашата земја

Претседателот на Европската Народна Партија, Жозеф Дол, даде јавна поддршка за кандидатот за претседател Гордана Силјановска Давкова.

Правда – тоа е она што му треба на вашиот народ. Правда значи независна судска власт, воспоставување на владеење на правото и безмилосна борба против корупцијата. Правда значи почитување на меѓународното право и на добрососедските односи во регионот. Правда значи мирен соживот и еднакви права за сите етнички заедници и сите групи во општеството. Само така вашата земја ќе може да оди напред на нејзиниот евроатлантски пат. Само така ќе може да привлече инвестиции, да создаде работни места и да се развива. Само така ќе може да им гарантира иднина на нејзините граѓани, особено на најмладите, за да не мора повеќе да ја напуштаат својата земја. Правда значи исто така фер, слободни и транспарентни избори. Избори кои ќе им овозможат на сите учесници да се борат подеднакво. Изборите ќе треба целосно да ги почитуваат сите меѓународни критериуми. Од тоа зависи имиџот на вашата земја. Правда, тоа е она што го ветува Гордана ако ја изберете. И каква убава порака ќе испратите ако изберете, за првпат, жена на чело на вашата земја!

Пријатели, ЕНП и Европа се секогаш со вас! Вашето место е во Европа. Но, патот до Европската унија поминува преку 3 задолжителни крстосници: владеење на правото, независно судство и борба против корупцијата. За таа цел, треба да се спроведат реформите кои вашата земја ги чека толку долго. Затоа, апелирам до вас: на 5ти мај, излезете да гласате. Не се лишувајте од тоа фундаментално право кое историјата долго време ви го ускратуваше. Тоа е ваша демократска должност. Земете ја иднината во свои раце, дозволете ѝ на вашата земја да напредува. Како претседател на ЕНП, најголемата европска партија, ви посакувам многу успех вам и на Гордана!, порача претседателот на Европската Народна Партија, Жозеф Дол.

Најнови вести