Во текот на вчерашниот ден (22.04) спроведена е акциска контрола на територијата на СВР Тетово за санкционирање на прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 34 возачи.
Од нив 21 на тетовското и 13 на поширокото гостиварско подрачје.
На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци и ќе се соочат со законски предвидените глоби.
-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, информира МВР.