понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

50 санкционирани возачи на мотоцикли на територија на СВР Тетово, три мотоцикли одземени

50 санкционирани возачи на мотоцикли на територија на СВР Тетово, три мотоцикли одземени

Во текот на вчерашниот ден (07.08.2022) во периодот од 17.00 до 23.00 часот спроведена е засилена акциска контрола на територијата на СВР Тетово за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 50 возачи.

Од нив, 26 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, седум возеле без возачка дозвола, три мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци.

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, информира МВР.