недела, 4. февруари 2024. Вести денес: 0
home Општини

51 казна за брзо возење на територија на СВР Битола

51 казна за брзо возење на територија на СВР Битола

Во текот на вчерашниот ден (18.02.2022) на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 51 возач.

Од нив 45 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а шест надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

-Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информира МВР.