Актуелните состојби во Националната установа Центар за култура „Григор Прличев“ говорат за неуспешноста и неумешноста на СДСМ и нивниот коалиционен партнер ЛДП во раководењето со институцијата.
Ова го истакна советничката и претседателка на УЖ ВМРО-ДПМНЕ Охрид, Лидија Петкоска, при што напомена дека иако власта на СДСМ промени тројца директори резултатите се катастрофални, за разлика од периодот кога со оваа установа раководеше стручен и професионален кадар, при што беа одиграни преку сто театарски претстави за време од година и шест месеци, а сегашната бројка изнесува околу триесет за време од две години.
–Наместо директорот Горан Симоновски преку соопштенија да ја известува јавноста за успехот дека ја претапацирале влезната врата граѓаните треба да знаат: Дали неговиот избор и поставување е со партиски пазарења и политички критериуми наместо професионални?Каква е таа програма изготвена толку брзо за работење на институцијата, која во себе би ги содржела програмските и развојните компоненти за работењето на самата Установа? Зошто Народниот театар Охрид не гостува на релевантни домашни и меѓународни театарски фестивали како „Војдан Черднодрински“, запраша Петкоска.
Таа исто така запраша како може претседател на Управниот Одбор да биде Васко Паскали, актуелен директор на Јавната установа Национален парк „Галичица“?
–Тоа е спротивно на Законот за спречување корупција и судир на интереси и го повикуваме Државниот управен инспекторат тоа да го провери. Ниту Централната власт со премиерот Заев, ниту Локалната со градоначалникот Георгиески не знаат да менаџираат со работите и оперативните политики од културата.
СДСМ не работи ништо за успешно развивање на културниот живот и културните содржини во Охрид, нагласи Петкоска.