петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Анализа: Зошто не смее да има никаква депонија во Церско и Суво поле и во атарите на околните села?

Анализа: Зошто не смее да има никаква депонија во Церско и Суво поле и во атарите на околните села?

Деновиве сме соочени со дрска намера од страна на општина Кичево за создавање на нелегална, непрописна и дива депонија во атарите на село Прострање, Големо и Мало Црско, Цер, Велмевци, Брезово, Церско Поле и Суво Поле, Кладник, односно, највисоките делови од југот на општина Кичево и Горни Демир Хисар со што се загрозени директно изворните сливови на Треска (Пространска и Беличка река, и изворот Питран близу село Дворци), а најмногу на река Црна чијшто басен се наоѓа токму под овие атари и под Суво и Церско Поле – најголемото карстно поле во Република Македонија. Со ваков потег, Река Црна неповратно ќе се загади почнувајќи од самите извори во Железнец, стои во анализата објавена на кичево.мк.

Се работи за најчиста животна средина, многу оддалечена од било какви големи загадувачи, практично без никакво загадување, со одлична перспектива за понатамошен развој на постоечкото производство на органско земјоделство и сточарство и еко планински и рурален туризам.

Со изградбата на депонија сето тоа ќе се уништи во неповрат, природата нема да може да го неутрализира загадувањето илјадници години. Свесно и со умисла ќе се загрози човековото, уставно и законско право на чиста животна средина за многу голем простор!

Целата анализа на Игор Димитриевски можете да ја прочитате тука.