петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Ангелевска: РЕК Битола повеќе од една година наназад служи само за лично богатење на власта и згрижување на нивни роднини и пријатели

Ангелевска: РЕК Битола повеќе од една година наназад служи само за лично богатење на власта и згрижување на нивни роднини и пријатели

РЕК Битола, стожерот на електроенергетскиот систем во Република Македонија повеќе од една година наназад служи само за лично богатење на власта и згрижување на нивни роднини и пријатели. После капиталната ремонт на блок 1 завршен само пред неколку месеци поради неспособноста и непотизмот на раководството хавариите во РЕК Битола стануваат секојдневие што резултира со зголемени трошоци за цената за производство на мегават час електрична енергија, а тоа директно го плаќаат граѓаните, ова денеска преку прес-конференција го истакна Силвана Ангелевска од ВМРО-ДПМНЕ ОК Битола.

-Моментално надвор од функција е блок 1 со наводно планиран застој, а всушност се работи за дефект на пара генераторот и блок 1 ќе биде надвор од употреба цели 10 дена. Најважната активност на ова раководство е пресметката со стручните лица и нивно постојано деградирање само да ги задоволат желбите на ново вработените партиски послушници и нивни роднини и пријатели без притоа да се води сметка за непреченото функционирање на комбинатот. Наместо да се пресметувате со вработените кои чесно и професионално си ја вршат работата, вработените во РЕК Битола прашуваат до каде се со ветувањата кои што ги дадовте. Топлификацијата на Битола проект кој од претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ е во завршна фаза со дозвола за градба со обезбедени финансиски средства, а кој што многу ќе влијае позитивно на намалување на загадувањето на воздухот во Битола. До каде е набавката на сопствената механизација за потребите на РЕК Битола што требаше да се реализира во минатата 2018 година? До каде е реконструкцијата на електростатските филтри, десулфуризацијата, третманот на одпепелувањето што требаше да опфати изградба на заштитен појас канал за одводнување систем за прскање, третман на отпадните води и многу други најавени а нереализирани проекти, потенцира Ангелевска.

Од ВМРО-ДПМНЕ ОК Битола порачуваат да се престане да се замајуваат граѓаните со вашите лажни соопштенија и ветувања. Прифатете ја понудата за предвремени парламентарни избори за да видите колку граѓаните ви веруваат и колку се задоволни од грабежот кој го правите на секое поле.