петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Атанасов: Бараме донесување на одлука за ослободување од данок на имот и комунални трошоци на припадниците на безбедносните сили кои учествувале во одбрана на татковината од 2000 година

Атанасов: Бараме донесување на одлука за ослободување од данок на имот и комунални трошоци на припадниците на безбедносните сили кои учествувале во одбрана на татковината од 2000 година

Советникот на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на општина Свети Николе, Владимир Атанасов на денешната седница од име на советничката група и коалицијата за подобра Македонија, повика на дополнување на  дневниот ред на редовната седница.

Тој побара поддршка од Советот за донесување на Предлог-Одлука која гласи: Донесување на одредени права на припадниците на безбедносните сили на Република Македонија и на членовите на нивните семејства, кои организирано учествувале во одбрана на независноста, територијалниот интегритет и суверенитет на Република Македонија, сметано од 1 јануари 2000 година, поточно нивно ослободување од данок на имот и комунални  трошоци.

-Иако знаеме дека според  Указ/3акон од 2002 година се регулирани одредени права на припадниците на безбедносните сили на Република Македонија и на членовите од нивните семејства , кои организирано учествувале во одбрана на независноста, територијалниот интегритет и суверенитет на Република Македонија, и во спречување на насилно уривање на демократските институции утврдени со Устав на Република Македонија, од  1 јануари 2000 година се уредени посебни права, но сметаме дека и Локалната самоуправа преку Советот на Општина Свети Николе треба да донесе Предлог- Одлука за донесување  на посебни права за оваа категорија на граѓани на Општина Свети Николе, и тоа: учесниците во безбедносните сили, воени инвалиди како последица од вооружени дејствија, загинати припадници и починати припадници на безбедносните сили, истакна Атанасов.

Како што рече тој, овие личности, граѓани на Општина Свети Николе, ја заслужуваат најдлабоката почит и ова е нешто најмалку што може Совет на Општина Свети Николе да го направи за нив.

-Предлог  – Одлуката за дополнување на дневниот ред е дискутирана и одложена со цел  формирање на посебна работна група за  ова прашање  и разгледување  на некоја од наредните седници на Советот на Општина Свети Николе. Oчекуваме во најбрзо време формирање на посебна работна група од страна на претседателот на Советот на Општина Свети Николе и свикување на седница на Советот на Општина Свети Николе каде оваа точка ќе се најде на дневен ред, истакна Атанасов.