Би сакал да ве известам дека од вчера и официјално го добивме мнозинството советници, ова денеска преку изјава го потенцира кандидатот за градоначалник на Македонска Каменица, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Атанасовски.
-Значи имаме вкупно седум советници благодарение на независната листа која што ја предводеше господинот Перо Митровски, на кого му се заблагодаруваме за соработката. И очекуваме на 31-ви октомври да излеземе сите заеднички масовно и да ја дадеме поддршката за бројот 7, вели Атанасовски.