среда, 3. јануари 2024. Вести денес: 0
home Општини

Без проблем започна новата учебна година во кавадаречките училишта

Без проблем започна новата учебна година во кавадаречките училишта

Без проблем започна новата учебна година во кавадаречките училишта. Првачињата беа примени во образовниот процес со пригодна културно-уметничка програма, во изведба на постари ученици.

– Се надевам дека ова ќе биде најубавиот дел од вашето детство. Можноста за учење претставува богатство. Учете многу, не за еден ден, туку учете вредно, за да бидете добро едуцирани и образовани личности. Со добро знаење, добро срце, сторете нешто добро за светот, им порача Илинка Бакева, в.д директор во Основното општинско училиште “Страшо Пинџур”.

Добредојде во светот на образованието, бројките и буквите, во светот на училишната магија, посака и Блаже Велков, директор во училиштето “Тошо Велков Пепето”. На првоодделенците, тој им порача исто така, во училишните клупи да се чувствуваат како дома, а еден ден од таму кон новите животни предизвици, да заминат како културни, паметни и насмеани личности.