понеделник, 1. јануари 2024. Вести денес: 0
home Општини

Битола нема градоначалник, а има многу проблеми

Битола нема градоначалник, а има многу проблеми

Советниците од битолскиот Совет денес на средба со директорот на ЈП Комуналец. Повод предлози и сугестии за подобрување на чистотата во градот, на иницијатива на директорот. Причина хаосот во кој се наоѓа Битола во однос на хигиената, одржувањето на зелените површини (за нови одамна не станува збор), со еден збор колабирањето на основната дејност на ова јавно претпријатие, на што граѓаните многу гласно и постојано реагираат.

Оваа состојба на средбата јасно констатирана и од советниците на власта и од советниците на опозицијата. Идејата за една ваква средба не е воопшто лоша, ако се земе објективно, но само доколку директорот би имал некаков “ајнштајновски” изум и можеби првата причина што средбата ја прави многу дискутабилна – што доаѓа малку доцна, по скоро две години од водењето на градот и јавните претпријатија од СДСМ и градоначалничката Наташа Петровска. Не е чесно кон граѓаните, не е чесно кон Битола, дури по две години да признаат дека не знаат и не се во состојба да се справат со основната дејност на ЈП Комуналец и едноставно да го исчистат градот. Затоа се импровизира од најразлични субјекти, а тоа ни оддалеку не значи систематско решавање на проблемите во градот.

Градот и натаму е затрупан во ѓубре, а ЈП Комуналец ги троши парите на граѓаните без никаков резултат. Но, што да се прави, кога ете градот има само привремена станарка во градоначалничкиот кабинет, а не и градоначалничка, која две години не успеа да излезе надвор од својата само церемонијална улога, а сега пак се охрабри и денгуби на далечни скапи дестинации, како Америка, повторно на сметка на битолчани. Дојде животот и битолчани треба да уживаат во нечистиот град, во неосветлените улици, во глутниците кучиња, во дупките по улиците… Ние како советници не може да бидеме “изговор” за неспособноста на Наташа и нејзините најблиски соработници, нефункционирањето и парализираноста на градот. Вистината е очигледна, Битола нема градоначалник. Затоа се е во колапс. За жал, а на штета на градот и битолчани, власта предводена од СДСМ и Наташа Петровска не знаат ниту да го исчистат градот, а да не размислуваме за нови фабрики и нови работни места. Во оваа прилика мораме да потсетиме, дека за волја на вистината, малку чудни се околностите директорот во паника и немоќ да ги бара советниците за помош, кога на Совет се поминати програмите според кои треба да работи ЈП Комуналец, а со тоа и потребните финансиски средства (значи советниците си ја завршиле својата работа), а од друга страна пак, на граѓаните им е одамна јасно дека СДСМ од ветуваниот живот во Битола не само што не донесе ништо, туку еве очигледна е немоќта да се воспостави барем основното функционирање на институциите и градот.

P.S Ние, советниците на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата “За подобра Македонија” и покрај се остануваме подготвени да помогнеме во рамките на нашите овластувања во решавањето на овој проблем во градот, за што веќе почнавме да работиме на подготовката и навремено нашите иницијативи, сугестии и предлози ќе бидат доставени до надлежните. За нашата Битола! д-р Анита Ангелевска, советничка – ВМРО ДПМНЕ СОВЕТ НА ОПШТИНА БИТОЛА