сабота, 30. декември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Блок 2 на РЕК Битола повторно вон функција

Блок 2 на РЕК Битола повторно вон функција

Блок 2 во РЕК Битола повторно вон функција од вечерва, не се знае колку точно истиот ќе биде надвор од употреба, но извори од внатре тврдат дека ваквата состојба може да потрае и до 5 – 6 дена.

Загубите во ваков случај ќе изнесуваат и над 1 милион евра, што е голема сума за држава и енергетски систем како македонскиот.

Ова не е прв дефект во РЕК Битола, имено во изминатиот период неколку пати се исклучувани од употреба блоковите во РЕК, што државата ја чинеше милиони.

Граѓаните често се незадоволни од менаџирањето со РЕК Битола поради фактот што од оваа институција на име тендери и договори во 4 очи се испумпуваат милионски суми за извршување на разни услуги.