среда, 3. јануари 2024. Вести денес: 0
home Општини

Болницата во Кичево е огледало на работењето на СДСМ: Очајни услови и стагнација, недостаток на лекови и материјали

Болницата во Кичево е огледало на работењето на СДСМ: Очајни услови и стагнација, недостаток на лекови и материјали

СДСМ ветуваше низа реформи во здравството и враќање на здравствениот кадар, но реалноста која ја донесоа е очајни услови во клиниките и бројни доктори кои ја напуштаат Македонија.

Одличен пример за да се направи реална споредба е Општата болница во Кичево.

На крајот на 2016-та година, во ЈЗУ ОБ Кичево, имаше 148 вработени. Од  досегашните вработувања најголем број беа доктори, од кои сите добија специјализации. Во моментот на примопредавање имаше 13 доктори на специјализација од кои сега веќе како специјалисти се вратени 6 доктори.

Во мандатот на претходната Влада на ВМРО-ДПМНЕ се започна со рутински операции од областа на гинекологија и акушерство и хирургија, што е за прв пат во историјата на здравството во Кичево, воопшто.

Воведени се нови дијагностички методи, како и набавена соодветна опрема за нив:

-Мамографија-набавен мамограф.

-Ехо на дојка-набавен УЗ апарат со намена за преглед на дојка.

-Гастроскоп- скопија (за преглед) на хранопровод, желудник и дванаесетпалачно црево.

-4D Ултразвучен апарат со колор доплер- негова примена во Гинекологија и Акушерство.

-Комплет обновена апаратура во биохемиска лабараторија со биохемиски анализатори и бројачи на крвни елементи.

-Дигитализирана целата медицинска и немедицинска администрација за што се обезбедени над 50 нови компјутери со пропратна технологија, принтери и слично.

-Многу други помали средства за работа и апаратура.

Со овие набавки паралелно се едуцираше и медицинскиот персонал, пред се докторите, за примена на новите методи за работа и дијагностика. Како резултат на тоа, имаше зголемен вид и обем на работа што од сите аспекти ја подигна и стручноста на здравствените работници.

Во овој период од владеењето на СДСМ, после 2017-година останаа само овие новововедени методи, без ниту една единствена нова метода. Напротив, и овие веќе рутински применувани методи и интервенции се во стагнација.

Од ден на ден опаѓа бројот на пациенти што се лекуваат во ОБ Кичево, се намалува обемот и видот на услугите.

Се чувствува недостатокот на лекови и материјали за работа што е последица од ненаменско трошење на парите од буџетот на болницата, за прием на партиски, несоодветни, нестручни и пред се немедицински кадри.

Ако бројот на вработени до 2017-та година беше 148, сега тој е околу 200 што е за над 50 нови вработувања од кои најмал е бројот на доктори.

Веднаш после доаѓањето на СДСМ на власт се прекина градбата на новата болница, која сега е оставена без никаков надзор и чуварска служба. Оваа состојба трае многу долго и веќе изградената болница се уништува секојдневно од страна на лица кои носат се што е вредно, како кабли, бакар, метали, врати и слично.

Раководството на болницата, наместо да се сконцентрира на доградба на новата болница, сака со импровизации да покаже дека нешто се работи.

Во тој правец се обидува на гинеколошкото одделение да вметне хируршко одделение, што се коси со сите медицински принципи и доктрини.