„Во наша општина има околу 20-тина километри улици во населените места кои треба да бидат асфалтирани. Јас со доаѓањето на функција асфалтиравме две улици во Ново Село, закрпивме ударни дупки во Мокриево и во Ново Село. Сега во тек е постапка на која се радувам од Светска Банка во соработка со Светска Банка и министерство за транспорт и врски за асфалтирање на три улици од кои едната е во Ново Село со должина од 1.600 метри, втората е во Колешино околу 960 метри и третата е во Мокриево од 600 метри“, истакна Ѓорѓе Божинов, градоначалник на општина Ново Село на утринска емисија на Алфа телевизија.
Божинов додаде дека документациска постапка би требало да биде завршена до крајот на февруари.
„Очекувам некаде околу почетокот на месец март да се почне со градежната офанзива“, нагласи Божинов.
Божинов посочи друг проект на кој што дадоа акцент е тоа што пред завршување на минатата фискална година заедно со Центарот за развој на југоисточниот плански регион и градоначалникот на општина Босилово потпишавме заеднички договор за меѓуопштинска соработка за асфалтирање на патниот правец Колешино – Бориево. Ние начелно се договоривме да има повеќе вакви проекти каде меѓуопштински ние ќе ги поврзуваме нашите сограѓани, и сметам дека овој проект документациски би требало постапката да биде завршена до крајот на март. И се надевам дека на почетокот на месец април или средината на април да почнат и таму градежните активност“, појасни Божинов.
Божинов рече дека оваа година со средства од буџетот се планира асфалтирање на два километра улици во десет населени места.