четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Општини

„Да се прогласи елементарна непогода-суша и да се добие отштета од државата“-бараат производители на грозје (ВИДЕО)

„Да се прогласи елементарна непогода-суша и да се добие отштета од државата“-бараат производители на грозје (ВИДЕО)

Да се прогласи елементарна непогода – суша и да се добие отштета од државата, побараа производители на грозје на мирен протест во Неготино.

Протестот беше организиран на градскиот плоштад од новоформираното регионално Здружение на лозароовоштари.

Во името на лозарите, претседателот Златко Стојчев побара исплата на старите долгови кои некои визби им ги должат на лозаропроизводителите од пред неколку години.

-Бараме поголема едукација, одредување загарантирана цена за килограм грозје и стручни служби да одредуваат технолошка зрелост на родот и неопходна шеќерност при откуп, како и полесен пристап до европските фондови. Наместо најавените два денара по килограм продадено грозје во винарија, бараме субвенција од по три денари, изјави Стојчев.

Неколкумина производители на грозје на протест дојдоа со своите трактори.