Дали возачот на градоначалникот врши контрола врз вработените во градинката во Свети Николе, прашуваат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Свети Николе.
-Сакаме да упатиме неколку прашања до градоначалникот во заминување Сашо Велковски и до министерката на МТСП Јагода Шахпаска :
-Кој и под кои услови може да влезе во просториите на детската градинка Рахилка Гонева во Свети Николе ?
-Кој врши надзор и контрола врз вработените во оваа установа и дали се почитуваат пропишаните мерки?
-Дали се има формирано некаква комисија при локалната самоуправа?
-Дали на тие лица им е дадено некакво писмено овластување и ако е дадено од кого?
-Дали вработени во општина Свети Николе на работно место возач/курир и други вработени биле во просториите на градинката и вршиле контрола врз вработени во оваа установа?
-Дали направиле некаков записник и во кое својство тоа го направиле?
– Дали доставиле доказ од направен тест за ковид 19 не постар од 48 часа за да можат да влезат и да се движат низ просториите низ градинката?
– Дали со ваквото нивно постапување ги нарушиле протоколите пропишани од здравствените установи?
Ние сме убедени дека вработените во оваа установа максимално ги почитуваат мерките пропишани од надлежните здравствени установи и мислиме дека несоодветни и нестручни надворешни лица немаат право да вршат вакви контроли.
А вакви контроли ако навистина имало и тоа од нестручни лица се навистина надвор од здрав разум и се споротивно на сите можни препораки.
Почитувани,
Во моментот во градинката престојуваат преку 200 дечиња и секакво влегување на несоодветни лица може да донесе до несакани последици по нивното здравје.
Ако навистина имало вакво нешто , министерката Шахпаска треба под итно да интервенира.
Апелираме до надлежните институции да ги проверат овие работи и да постапат по нивните законски овластувања.
Зошто здравјето на најмалите и најмилите е нешто најважно.