Дејан Цветановски (32) од Куманово го фати светиот крст во фонтаната на црквата „Свети Никола“ во Куманово.
Цветановски првпат го фаќа крстот, а веќе седум години скокал по крстот на големиот христијански празник Богојавление- Водици.
-Денеска среќата беше на моја страна да го фатам крстот. Очекувам здравје и среќа на мене и на целото семејство – изјави Цветановски.
Од свештеништвото на Соборниот храм доби икона, свет крст и други пригодни подароци.
Оној што ќе го фати Светиот крст се верува дека ќе го следи благослов и среќа во текот на целата година. Фаќањето на крстот значи соединување на човекот со Христа, а се верува дека со спуштањето на крстот водите се осветуваат и стануваат лековити.