понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Делови од Гевгелија и околината утре без струја

Делови од Гевгелија и околината утре без струја

Контролниот енергетски центар на ЕВН од Гевгелија најави дека утре од 9 до 15 часот без електрично напојување ќе останат конзервната фабрика „Пајдаков“, бунарите за вода „Чаир“, бензинската пумпа на „Лукоил“, стоматолошката ординација „Вудент“, казиното „Сенатор“ и колекторот кај село Богородица.

Од гевгелискиот КЕЦ на ЕВН велат дека наведениот период од шест часа ќе биде потребен за инвестициските зафати за квалитетот во снабдувањето со електрична енергија во спомнатите места.

Во посочениот временски период утре краткотрајно двапати без струја ќе бидат и жителите на село Богородица.