Повеќемина претставници на делчевската дијаспора започнаа иницијатива за хуманитарна помош на најпогодени граѓани на Делчево од негативните ефекти на вонредната состојба која е прогласена како последица од се позагрижувачките информации поврзани со пандемијата на Ковит 19 вирусот.
Акцијата ќе се реализира од страна на здружението Меѓународен центар на Македонската дијаспора “Нова Зора” од Делчево со највисоко ниво на претпазливост за запазување на препораките на здравствените власти, а ќе бидат таргетирани граѓани од социјално ранливи категории кои се најпогодени од негативните ефекти на кризата.
Целиот апел за помош и начинот на кој можете да помогнете, ви ги пренесуваме дирекно од нивната објава: