Независниот кандидат за градоначалник Максим Димитриевски на вчерашната маалска средба на паркингот пред ТППЕ Куманово (Пожарнa) порача дека од Куманово секогаш тргнувале големите промени.
-Тоа се гледа овде на оваа граѓанска средба, во моето маало, се чувствува енергијата на победничкиот тим За Наше Куманово. На 17-ти октомври ќе ја донесеме победата на Куманово и кумановци, затоа што нашиот концепт се базира на идеологија и на сериозна програма која е издржана. За наше Куманово е новата политичка енергија на слободни граѓани! Ние сме концепт на граѓаните, од граѓаните и за граѓаните. За
мое, за твое и За Наше Куманово, рече Димитриевски.