Дождот не ги спречи граѓаните во населбата Гоце Делчев и во населбата Зелен Рид да излезат и да ја дадат поддршката за граѓанскиот концепт за наше Куманово.
– Во идниот мандат продолжуваме да ги подобруваме условите за живеење во сите населени места во Куманово. Ќе изградиме парк со урбан сквер на влез од населбата Гоце Делчев, но и ќе го уредуваме просторот помеѓу зградите. Следува проширување на капацитетите во ООУ Кочо Рацин, а ќе изградиме и нов кружен тек на влез од с. Проевце. Ќе го уредиме просторот помеѓу ул Вараждинска и бул. Октомвриска Револуција. Во Зелен Рид ќе изградиме нова градинка, со што нашите најмали од оваа населба ќе одат во модерен и нов претучилиштен објект. Се грижиме за сите граѓани, вложувајќи во сите сегменти. Работиме интензивно за развој на мое, на твое, за наше Куманово. На 17-ти Октомври во Куманово победуваат граѓаните!, порача Димитриевски од средбата со граѓани во населбите Гоце Делчев и Зелен Рид.