Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски, денеска информира дека почната е реконструкција на кровот на спортската сала во Куманово.
-Старата бакарна покривка уредно се демонтира и складира на заштитено место и ќе биде предмет на продажба на јавна аукција, а средствата ќе се реинвестираат назад во објектот. Да го вратиме сјајот на нашата убавица, вели Димитриевски.