Независниот кандидат за градоначалник Максим Димитриевски истакна дека живееме во исполитизирано општество, каде оние што не припаѓаат никаде велат „џабе ми е, бидејќи не припаѓам ни на едните, ни на другите, за мене нема место ниту за работа ниту за можности во државата“.
Граѓанската иницијатива „За наше Куманово“ е граѓански концепт, кој што е подржан токму од неопределените гласачи.
„Она што е најбитно поддршката од граѓаните е огромна и е добредојдена, бидејќи ние на граѓаните не им велиме дека ќе правиме чуда. Ние нудиме конкретни, реални и остварливи проекти“, рече Димитриевски.