– Ве повикувам сите, на 31-ви октомври да ни дадете поддршка за да продолжиме со унапредување на Куманово. Во изминатиот период реализиравме 400 проекти, а нашиот план и амбиции во следниот мандат е да реализираме повеќе од 800 проекти кои значат подобрување на квалитетот на живот на кумановци, изјави независниот кандидат за градоначалник за општина Куманово, Максим Димитриевски.
Тој порача заеднички да продолжат да го развиваат слободарско Куманово!