четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

До 17 часот најголема излезеност во Вевчани со 75,6 отсто

До 17 часот најголема излезеност во Вевчани со 75,6 отсто

Од нешто помалку од 96 проценти обработени податоци од гласачки места, излезноста до 17 чсот изнесува 42,37 проценти, соопшти портпаролката на ДИК Љупка Гугучевска.

Највисока излезност е забележана во Вевчани 75,6%, потоа следуваат Конче 73,15, Ранковце 71,02, а над 60 проценти излезност имаат и општините Пробиштип, Пехчево, Росоман, Дебар, Македонски Брод, Демир Хисар, Лозово и Демир Капија.

Најниска излезност има во две од скопските општини Сарај 23,41, Шуто Оризари со 28,48, и Боговиње 30,23.

Од скопските општини највисока е излезноста во Карпош 47,05, потоа следува Центар 45,40, Кисела Вода 42,57, Аеродром 42,37, Ѓорче Петров 40,75, Чаир 39,36, Гази Баба 38,18, Бутел 36,65 и Шуто Оризари 28,48 и Сарај со 22 проценти.

Излезеноста во вториот круг до 17 часот е за речиси 2 отсто повисока од првиот круг на локалните избори.