петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

До 17 часот во Гевгелија гласале 56,65 отсто избирачи

До 17 часот во Гевгелија гласале 56,65 отсто избирачи

Заклучно со 17 часот, на 36 избирачки места во општина Гевгелија гласачкото право во вториот круг на Локалните избори го оствариле 10 806 граѓани што претставува излезност од 56,65 отсто, соопшти Митко Ризов, претседател на ОИК Гевгелија.

Посочи дека гласачкиот процес тече мирно, како и што почна, и дека се надева оти така ќе заврши и во останатите неполни два часа до затворањето на избирачките места во 19 часот.

Моментниот процент на излезност во општина Гевгелија укажува дека ќе го достигне најмалку процентот на излезност во првиот круг од 63,12 отсто.