Во Пехчево до 18:30 часот гласале 70 проценти од евидентираните гласачи во избирачкиот список. Како што соопшти претседателката на Општинската изборна комисија Мануела Станоевска Стоилковска избирачките места се навреме затворени и во моментот тече пребројувањрто на гласачките ливчиња.
– Заклучно со 18:30 часот од запишаните 4072 граѓани со право на глас, своето избирачко право го оствариле 2874 или 70 проценти. Гласањето течеше без никакви проблеми во текот на целиот ден, поради што можеме да кажеме дека избирачкиот процес во целост се одвиваше во фер и демократска атмосфера, рече Станоевска Стоилковска.
Во првиот круг во Пехчево гласале 2779 граѓани или вкулно 68,28 проценти од евидентираните гласачи.