среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Дотраената сајла на тетовската жичница е опасност за граѓаните

Дотраената сајла на тетовската жичница е опасност за граѓаните

Сајлата од жичницата Тетово – Попова Шапка на неколку места е распукана или пак се повеќе се спушта до земјата блиску до патиштата, објекти и шумата. Граѓаните кои ја забележале оваа појава алармираат дека поради ваквата состојба на ова километарско челично јаже може да предизвика некој опасност по луѓето, но и по објектите.

– Сајлата е оштетена и постои опасност да се искине. Бидејќи сајлата е затегната, мора да помислиме на тоа како би изгледало, како на пример доколку нешто како затегнат ластик, кој доколку се искине знаеме што се случува. Би можел да додадам дека е изградена помеѓу периодот 1962 до 1965 година. Стара е веќе над 60 години. Тоа е челична сајла, обложена е со тие челични влакна што се околу нејзе и „кошулицата“ е оштетена. Така покрај жичарава каде што се поставени столбовите во моментот има две села и објекти каде што се близу жичарницата и останува само прашање што се може да се случи доколку сајлата се искине, изјави Надир Мурсели, алпинист со големо искуство и во спасувачки операции на планина.

На неколку места сајлата е толку спуштена што е прашање на време кога некое повисоко возило како автобус или камион би го допреле ова челично јаже.