Градоначалникот на Студеничани од редовите на ДПА Азем Садику, премина во партијата Алијанса за Албанците.
– Градоначалникот на Студеничани г-дин Азем Садику сега дел од големото семејство на Алијанса за Албанците. Нему му се приклучија и локални структури кои одбија да се пазарат со актуелната власт. Правото и чистото триумфираа!, објавија Алијанса за Албанците на Фејсбук.
Садику истакнува дека ваквата одлука ја донел бидејќи бил предаден од неговиот актуелен лидер Мендух Тачи.
-Прво ви кажувам дека останав во ДПА до крај, бев кандидат на ДПА и на изборите победив како кандидат на ДПА. За жал по првиот круг кога победив убедливо против кандидатот на ДУИ, лидерот на ДПА ме продаде многу евтино и се подготвија заедно со ДУИ да ја сменат волјата на Студеничани. Но, наидоа на клинец, иако државниот апарат беше силно ангажиран, со власта, со полицијата, но и покрај нив малку ги зголемија своите гласови со поддршка на Алијанса и со поддршка на граѓаните на Студеничани. Повторно победив на изборите, рече Садики.