СДСМ власта во Струмица ја држат преку партиски вработувања и нерегуларности, додека граѓаните живеат се полошо вели кандидатот за градоначалник на Струмица од ВМРО-ДПМНЕ, Жан Дрвошанов во дебата на Телевизија 24 со другите кандидати за градоначалници на општината.
Дрвошанов истакна дека тоа што се гледа од СДСМ се само празни предизборни ветувања, но во 16 години локална власт, единствено што е направено е продлабочени проблеми на граѓаните кои се повеќе сакаат промени кои ќе дојдат на овие избори.
– Дојде време за промени, и треба да се промени и начинот на работа, Струмица да биде навистина европски град, а не само декларативно, каде животот на граѓаните навистина ќе биде добар, рече Дрвошанов.
Тој потенцираше дека нуди програма која има решенија и проекти насочени кон сите граѓани на Струмица и околината, а средствата кои ги плаќаат граѓаните ќе бидат насочени кон нив.
– Нашата програма е направена во соработка со граѓаните и нивните барања и идеи, затоа ќе донесеме нов Детален урбанистички план, за да може инвестициите во општината да имаат посилен ефект и сите делови еднакво да се развиваат, планираме повеќе зелени површни, места за спорт и рекреација.
Дрвошанов нагласи дека завршува времето кога во Струмица СДСМ градеше улици од 2 см кои веднаш се раскопуваат, дека доаѓа времето на капиталните проекти во општината