Две инспекторки од Управа за заштита на културно наследство биле на увид за бесправно изградениот објект кај чинарот во Охрид.
Сопственикот на објектот им ги искинал документите и со закани по живот ги избркал од местото. Истите настанот го пријавиле во полиција и се уште не се превземени никакви дејствија, дознава КУРИР.
Од СВР Охрид ни испратија детали за целиот настан каде се наведува дека ќе биде поднесена соодветна пријава за сторителот.
-На 23.04.2019 година во 14,30 часот, во СВР Охрид, Р.К.( 39) од Скопје-инспектор за културно наследство од Управата за заштита на културно наследство при Министерство за култура, пријави нарушен јавен ред и мир на плоштадот „Крушевска Република“, извршен од Н.У. од Охрид. Според пријавеното, Н.У. вербално реагирал за вонредниот инспекциски надзор во објектот кој што е во градба непосредно до стариот чинар, што е негова сопственост. Н.У. е повикан на разговор во СВР Охрид и по целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид за КУРИР.