недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Двегодишно дете каснато од куче скитник во Кавадарци

Двегодишно дете каснато од куче скитник во Кавадарци

Двегодишно дете било каснато од куче скитник вчера во Кавадарци, информира денеска Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Настанот бил пријавен вчера во полициската станица во Кавадарци.

Според пријавата, детето било каснато на десната потколеница додека си играло пред зградата на улицата „Игман“ во Кавадарци.