Мевмед Џафери кандидат за градоначалник на општина Маврово Рустуше од ВМРО-ДПМНЕ на денешниот митинг истакна дека време е да се стават крај на поделбите, расипништвото и трошењето народни пари за лични потреби во општината.
– Апатијата и без идејноста ќе ја промениме, со враќање на надежта и просперитетот. Имаме план, визија, и нашата програма со многу проекти со кои ќе докажеме дека не сме сите исти, дека можеме посветено да работиме и да си ја вратиме општината од неколкумина локални шерифи од актуелната власт. Да ја вратиме општината на граѓаните, рече Џафери.
Тој пред сограѓаните вети одлучен и искрен пристап кон решавање на проблемите, добра бизнис клима, поволни услови за отворање на мали и средни претпријатија во кои ќе се создаваат нови работни места, со посебен акцент на инвестиции од нашите печалбари.
– Почитувани граѓани на Маврово и Ростуше заедно со Вас, да реализираме проекти кои ќе ги подобрат условите за живот, во сите населени места во нашата општина. Учениците заслужуваат да учат во модерни и нови училишни згради. Граѓаните на Маврово Ростуше заслужуваат патна инфраструктура која тековно ќе се одржува 12 месеци во годината, како и нови алтернативни пристапни патишта, преку кои сите населени места ќе се поврзат со регионалниот пат Маврово – Дебар. Младите заслужуваат да имаат спортско рекреативен базен од отворен тип со сите пропратни угостителско-услужни содржини, изјави Џафери.
Тој додаде дека Граѓаните на Мавровскиот, Горнореканскиот, Долнореканскиот и Мијачкиот регион заслужуваат минимум услови за живот, да имаат целосно реконструирани и асфалтирани локални патишта, да имаат непрекинато снабдување со електрична енергија и улично осветлување.
– Максимално ќе се ангажирам, секое населено место во Општина Маврово и Ростуше, да има функционална Канализациона мрежа, водоводна мрежа, улично осветлување и добро поплочени улици. Народот заслужува целосна урбанизација на сите населени места како и планирање и урбанизација на индустриски зони на неколку локации во општината, со што силно ќе допринесеме во економскиот развој на Маврово и Ростуше. Пешачки и велосипедски патеки и развој на планинскиот туризам. Еднакви можности во образованието за младите, стипендија за сите редовно запишани студенти од оваа академска година, рече тој.
Џафери додаде дека заштитата на животната средина ќе биде висок приоритет, а воедно ќе има и Санација и редовно одржување на сите спортски игралишта, како и спортската сала Македонија, која за жал, денес се наоѓа во многу лоша состојба.
– Ќе се насочиме кон обезбедување на поголема финансиска поддршка за секое новородено дете. Ќе дадеме се од себе да помогнеме за зачувување на човечките вредности во традиционалното семејство кои сме ги наследиле од нашите предци. Нема да бидат заборавени и пензионерите, Отворање на пензионерски домови по населените места каде што ги нема, Како и целосна поддршка за здрав и долг пензионерски живот, нагласи Џафери