сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Еднократна парична помош за сите првачиња во општина Свети Николе

Еднократна парична помош за сите првачиња во општина Свети Николе

На денешната седница на Советот на општина Свети Николе е донесена одлука со која на сите запишани ученици во прво одделение им се доделува еднократен износ од 3000 денари како помош на родителите во овие тешки времиња за купување на ученички прибор на почетокот на учебната година, објави градоначалникот на општина Свети Николе Дејан Владев.

За да го остварат ова право треба да се достават соодветни податоци до одделенските наставници, за да може општината во најкраток рок да им ги префрлат средствата

Воедно, како Градоначалник заедно со сите советници за наредната учебна година од буџетот на општината Свети Николе ќе се доделуваат парични средства на сите идни средношколци кои своето образование ќе го продолжат во СОУ ,,Кочо Рацин” Св.Николе, пишува во својата објава на Фејсбук Владев.