Каква голема трагедија ни се случува пред нашите очи! Поради неефикасен распоред на вработените и несоодветни протоколи од страна на менаџментот во одделенијата на болницата, медицински персонал од Кардиологија и Физикална се во изолација. Неодговорноста на директорот и неговите блиски соработници резултира со ширење на пандемијата, токму онаму каде што треба да сме најсигурни. Клиничката болница во Штип, наместо да се грижи за здравјето на пациентите и на вработените, покажува знаци за жариште на опасната болест, ова денеска преку изјава за медиумите го истакнува Игор Ефтимов од ВМРО-ДПМНЕ ОК Штип.
Ефтимов додаваат дека до сега повикувавме на одговорност за криминалните тендери, нефункционелните апарати, неразјаснетата смрт на пациентите и неажурноста на раководниот тим на Болницата.
-Меѓутоа, свесно загрозување на здравјето на пациентите и вработените од Кардиологија и Физикална, не само што бара оставка, туку и кривична одговорност, потенцира Ефтимов.