среда, 15. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Евроамбасадорот Гир во работна посета на Општина Дебрца

Евроамбасадорот Гир во работна посета на Општина Дебрца

Амбасадорот на Европската унија, Дејвид Гир, денеска престојуваше во работна посета на Општина Дебрца, каде имаше разговори со градоначалникот, Зоран Ногачески, со членовите на Советот на општината, невладини организации, граѓани, како и со преставници на бизнис-заедницата.

-Нашите денешни разговори пред се се однесуваа на прашањата посветени на иднината, како Општина Дебрца да стане поатрактивно место, како за живеење, така и за привлекување на туристи и бизнисмени да дојдат и да инвестираат тука. Не е само моја оценка, туку и самото УНЕСКО истакнува дека овој регион изобилува со извноредни природно и културно-историско наследство што мора да биде заштитено, не само за иднината и напредокот на луѓето што живеат тука, туку и за Европа и целото човештво, рече Гир.

Евроамабсадорот рече дека селата не се само минато, туку треба да бидат и иднината на секоја земја. Истакна дека токму тоа е и причината за неговата посета, да ја пренесе пораката на ЕУ дека преку најразлични фондови ќе го поддржува креирањето услови за подобар социјален живот на локалното население, преку поддршка на проектите насочени кон креирање можности за развој на земјоделството, но и за промоција на регионот во сферата на руралниот туризам.

Градоначалникот Ногачески го запозна амбасадорот со профилот на Општината, како и заложбите на локалните власти да работи на развојот на производството на органска храна и развојот на руралниот туризам.

На средбата е разговарано и за реализираните проекти во општината преку развојните и претпристапните фондови на ЕУ, од промоција на туристичка дестинација „Белчишко блато“, преку проектот за промоција на безбеден зимски туризам, до пренамената на старата училишна зграда во планинска куќа во село Брежани.

Ногачески истакна дека претпристапните фондови се многу значајни за државата на нејзиниот евроинтегративен пат, но многу повеќе за општините со органичени финансиски ресурси како што е Општина Дебрца, оттаму што со средствата обезбедни преку нив се инвестираат во проекти што се од животно значење за локалното население.

– Во рамки на сите тие проекти Општината се стекна со огромно искуство во изготвувањето издржани проекти, стакнавме искуства и во процесот на нивна имплементација. Општина Дебрца ега е веќе подготвена со конкретни предлози за идни проекти со кои ќе аплицира пред претпристапните фондови на ЕУ и пред другите меѓународни донатори, рече Ногачески. (МИА)