Формирано е координативно тело во Истокот за превенција од евентуални пожари. Ова тело составено од градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ќе има за цел заеднички да делува да не се повтори минатогодишната слика на страшни пожари кои беснееја на истокот.
Истовремено, целта е, како што велат, да се подигне свеста кај централната власт и да се превземат поголеми мерки за превенција од нивна страна.